Агенцијата за Бугарите во странство работела по претходни тарифи за експресна нарачана услуга и за услуги за странци со муслимански имиња, објави бугарската новинска агенција БГНЕС.
Според БГНЕС поединци плаќале меѓу 300 и 500 евра за побрзо издавање на документи.
Апликантите се делеле врз основа на тоа од која земја доаѓаат и дали има основа од таа земја да бидат издавани документи со бугарско потекло, дали се со муслимански или христијански имиња.
За добивање на сертификат за бугарско потекло на лице од Македонија тарифата изнесувала 1.000 евра, а за човек од Косово цената изнесувала од 3.000 до 5.000 евра, пишува БГНЕС.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.