еМагазин
Image default
Локално

Бидете внимателни: 72 годишен кумановец измамен за 300 евра за набавка на дрва за огрев

Седумдесет и две годишен кумановец, денеска пријавил во полицијата дека бил измамен од лица за сума од 300 евра, соопшти СВР Куманово.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва на што тој се согласил и заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани.

– Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе го земе камионот, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга побарало пари во износ од 300 евра, со објаснување дека огревните дрва се сечат, соопштија од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Скопјанец со мопед во Бутел удри осумгодишно дете и избега, полицијата го најде

Редакција

МВР со детали за „брканицата“ со коњот по автопатот Тетово-Скопје: Сопственикот е најден, ќе биде поднесена пријава

Редакција

(Видео) Невреме во Штип поплави улици и црква

Редакција