еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Бимилк“ организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

По повод Светскиот ден на детето, кој се прославува на 20 ноември, „Бимилк“ организираше изненадување и незаборавно искуство за децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ од Битола. Имено, децата од Заводот ја посетија фармата „Пивко“ во селото Могила, каде што на интересен начин одблизу се запознаа со патот на млекото, а истовремено и се забавуваа.

Од стручните лица во фармата и со помош на толкувач на знаковен јазик, децата од Заводот, преку прошетка низ фармата, научија нешто повеќе за првата фаза од производството на нивното омилено Битолско млеко. Преку дружење со кравите, надвор од училишните клупи, децата учеа за исхраната и грижата за кравите, како услов за добивање висококвалитетно млеко.

Тие имаа можност да ги помилуваат и да ги нахранат малите телиња и кравите, а со тоа и да ја развијат својата љубов кон нив, но истовремено и својата љубов кон млекото и млечните производи.

„„Бимилк“, како компанија што секогаш се грижи за децата и за нивниот раст и развој од секаков тип, оваа година одлучи Светскиот ден на детето да им го посвети на децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ од Битола. Оваа посета беше организирана со цел директно запознавање со првичната фаза од млечната индустрија низ еден интересен начин.

Искрено, верувам дека оваа едукативна посета на краварската фарма не само што им го разубави секојдневието на децата од Заводот за рехабилитација, туку беше и можност да научат многу нови работи за производството на млекото“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во „Бимилк“.

Валентина Стојкоска, директор на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ од Битола, изрази искрена благодарност до Млекара АД Битола за организацијата и реализацијата на оваа едукативна посета наменета за децата со оштетен слух, говор и глас од Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“.

„Ваквиот тип посети се од исклучително значење за образовниот процес на децата, како и за нивниот професионален развој. Се надевам дека соработката со „Бимилк“ ќе продолжи и во иднина преку реализација на вакви и слични активности“, изјави Стојкоска.

„Бимилк“ и во минатото го одбележуваше Светскиот ден на детето преку донации на свои производи и едукативни работилници за најмалите, а тоа ја прави една од општествено одговорните компании во државата што во фокусот ги имаат токму децата.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Голгота на 86-годишна скопјанка: Никој не сакаше да ме оперира, спас најдов во Клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Штипскиот градоначалник во седумдневна самоизолација

Редакција

Колекција на Музејот на современа уметност-Скопје ќе биде претставена во Виена

Редакција