еМагазин
Бизнис

Бислимовски: За најмалку 20 отсто ќе се намали цената за приклучок на струја

За најмалку 20 отсто ќе се намали цената за приклучок за електрична енергија за домаќинствата, а ќе има намалување и на цената за приклучок за останатите потрошувачи. Тоа значи дека ако досега домаќинствата плаќаа околу 500 евра за приклучок, отсега ќе плаќаат околу 400 евра.

„Ова се должи пред се на зголемувањето на ефикасноста на работа на „Електродистрибуција“ и на намалувањето на нивните трошоци за набавка на опрема која би се користела за изградба на овие приклучоци.

Сето ова не става во добра ситуација, трошоците за приклучок на домаќинствата да се намалат најмалку 20 проценти, а исто така ќе има соодветно намалување и на трошоците за приклучување на останатите видови потрошувачи“, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски пред јавната расправа за мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија на „Електродистрибуција“ Скопје.

Исто така ќе се намали и рокот за издавање согласност и роковите за изградба на приклучоците.

Со мрежните правила за дистрибуција, операторот на дистрибутивниот систем ќе биде обврзан да формира дата на податоци за квалитетот на испорака на електрична енергија, а тоа, според Бислимовски, е важно, бидејќи ќе може да се мери квалитетот на испорачана електрична енергија и врз основа на тоа да се прави дополнителен притисок врз операторот на дистрибутивниот систем да го подобрува квалитетот на испорачана електрична енергија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калориметри за приклучените на парно, РКЕ предлага граѓаните да ги купуваат на рати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Евро консалтинг“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-Деве Баир вреден 457.000 евра

Редакција

Како да ја корегирате или потврдите годишната даночна пријава за УЈП

Редакција

Заев сега вели дека со прогресивниот данок сме влегле во ризик

Редакција