еМагазин
Македонија

Благ пораст на бројот на пациенти заразени со Ковид-19 во велешката болница

Во велешката болница вкупно 30 пациенти се хоспитализирани поради коронавирусот, од нив 22 се потврдени позитивни, пет сомнителни и тројца пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение има 25 пациенти.

Портпаролот д-р Елеонора Јованова информира дека осум од пациентите се на кислородна поддршка.

„Има мало покачување на бројот на пациенти во изминатите неколку дена, така завчера нивниот број бил 24 пациенти“, рече д-р Јованова.

Ова е последица на пораст на новозаболени од Ковид изминативе денови во Велес и велешко, а според Центарот за јавно здравје во изминатото деноноќие има 19 новозаразени и 11 оздравени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца тетовчани и еден велешанец починаа од корона вирусот

Редакција

(Фото) Дебарскот пазар без пазарџии и купувачи, движењето намалено на минимум и во Центар Жупа

Редакција

Тупанчевски во Белград, Жерновски во Букурешт, кои се другите новоназначени амбасадори

Редакција