Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 6 пациенти заразени од корона вирусот. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед по општини: Чаир се уште рекордер по бројот на заразени од корона вирусот
Убава вест: Оздравени 75 пациенти кои боледуваа од корона вирусот
Шест лица починаа од корона вирусот, вкупно 265
Нови 153 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје
Фото: МЗ