Станот во Скопје на синот на поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, не бил купен од пари од нејзините патни трошоци, ниту пак со криминални пари, тврди таа за „Фокус“.
Открива дека истиот чинел 97.200 евра, а го платиле со средства од премијата на лото, која ја добил нејзиниот сопруг, со неговата животна заштеда, со пари од осигурителна компанија како надомест за штета за сообраќајка, пари од продажба на наследена нива, како и парична помош од нејзиниот татко.
Бонева изјавила дека нејзиниот сопруг 40 години играл системи на лото и во 2013 година освоил добивка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Бонева
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.