еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји синоќа пристигнаа во Скопје, а на скопскиот аеродром ги пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Имав чест да посакам добредојде на големите пријатели на Северна Македонија, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Политичка поддршка која државите од Западен Балкан ја имаме треба да ја искористиме и да ги загарантираме стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот, напиша Маричиќ на Фејсбук.

На денешната седница на Советот за стабилизација и асоцијација, посочува Маричиќ во објавата, ќе имаме можност да разговараме за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

-Им посакувам успешен престој и со убави вести за регионот да заминат од нашата држава, која е пример за надминување на спорови по мирен и дипломатски пат, напиша Маричиќ.

Фото: Фејсбук/Маричиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прободен затвореник во Идризово

Редакција

Судење за „Тврдина-Таргет“: Поранешен командир на ПС Карпош, бара 20 илјади евра зошто бил незаконски прислушуван

Редакција

МВР купува огревни дрва за десет милиони денари

Редакција