еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борисов на средба со Бучковски: Сегашните и идните генерации нема да ни простат ако не најдеме компромис

Отсекогаш верував дека решенија можат да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да им простат ниту на Бугарија, ниту на Република Северна Македонија, ако не најдат компромис што ќе даде перспектива, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на средба со специјалниот пратеник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски.

Како што соопшти Прес-службата на бугарската Влада, Борисов истакнал дека за изнаоѓање на одржливо и трајно решение за „преостанатите отворени прашања во билатералните односи“, потребен е „прагматичен, искрен и добронамерен пристап, изразен во конкретни активности“.

Според Борисов, за враќање на меѓусебната доверба ќе биде потребно стрикно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, склучен меѓу двете земји во 2017 година.

– Бугарија отсекогаш ги почитувала евроатлантски вредности и затоа темата за европската перспектива на Западен Балкан ја ставаме на прво место за време на нашето претседавање со Советот на ЕУ, нагласи Борисов.

Според него, Бугарија досега вложила максимални напори за интеграција на земјите од Западен Балкан во НАТО и ЕУ, па во тој контекст како резултат на бугарската поддршка за европската иднина на Република Северна Македонија е потпишан и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ова што денеска го бара Борисов е ветено од Заев, бараме експертска влада, Меморандум и избори

Заев на „тапет“ на Твитер по видео обраќањето за ветото на Бугарија

Да не се заборави дека Бугарија не ни дозволи да почнеме преговори со ЕУ во време на пандемија со Ковид-19

МИА/Фото: Борисов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

599 се жени: За 600 места пријавени 2.964 кандидати за полицајци 

Редакција

Вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со суштински теми, велат од бугарскиот тим на заедничката Комисија со Бугарија

Редакција

(Галерија) Како во бајка: Каква е новогодишната атмосфера во Струга

Редакција