еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„БРАКО“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на монтажни контејнери вреден 142.000 евра

Министерството за здравство по распишаниот тендер за набавка на монтажни контејнери за потребите на здравствениот систем и согласно планот за справување со состојбата од настаната епидемија, а во согласност со Извадок од Нацрт-записникот од 36. седница на Владата одржана на 6 април 2020 година склучи договор со друштво за производство, трговија и услуги „БРАКО“ ДОО увоз-извоз Велес, објави Бирото за јавни набавки.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 8.748.000 денари или околу 142.000 евра.

„Станува збор за стар проект од април кој е изработен и предаден и функционира-монтажната болница до Инфективната клиника во Скопје, која е изработена за само 14 дена, иако рокот за изведба беше 21 ден.

Болницата е донација и поради вонредната состојба, водени од солидарност менаџментот на БРАКО се откажа од заработката„, велат од компанијата БРАКО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечна детална листа: Кои се градоначалниците за кои ќе се гласа во вториот круг на локалните избори

Редакција

Мермерен комбинат ќе дели дивиденда од 4,06 евра по акција

Редакција

Бугарија со груби обвинувања за Македонија: Нема ЕУ со наследен тоталитарен историски наратив

Редакција