еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бранимир Јовановиќ се повлекува, повеќе не е советник на Тевдовски

Советникот на министерот Драган Тевдовски, Бранимир Јовановиќ објави дека по скоро две години, се повлекува од Министерството за финансии.

„Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите.

Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии.

Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам“, напиша Јовановиќ на неговиот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук-профил на Бранимир Јовановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнува Божиќниот пост

Редакција

Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје вредна неколку десетици милиони евра

Редакција

Ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија за Тоше Проески

Редакција