еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Браво: Туристички агенции ќе носат деца со посебни потреби, деца од социјално загрозени семејства и деца на самохрани родители на море

Благодарение на Фејсбук групата Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце, нејзините администратори и вистински општествено одговорни фирми и оваа година неколку семејства со деца со посебни потреби, деца на самохрани родители и деца од социјално загрозени семејства ќе добијат бесплатно летување.

Во акцијата годинава за прв пат овие деца и нивните родители добија можност за летување надвор од Македонија, благодарение на неколку туристички агенции, велат од групата за еМагазин.

Станува збор за туристичките агенции Јк Травел, Идеал Тавел, GO Travel, Скаут и Турист Битола.

“Неколку семејства веќе се спремаат за одмор и замислете на море. Некои семејства немале можност на езеро да отидат, а за море да не правиме муабет“, велат од Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце.

Во петок на Крф во Грција, веќе заминуваат две семејства, а две во Полихроно, Грција.

„Се надеваме бројот на агенциите ќе се зголеми со што и повеќе семејства ќе добијат шанса за одмор“, велат од групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повик до туристичките работници од Охрид, Дојран, Преспа, да овозможат бесплатно летување за децата со посебни потреби, од социјално загрозени семејства и децата на самохрани родители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 143 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Скандалозен предизборен спот на бугарскиот европратеник Џамбаски: „Македонија е бугарска, а Скопје и Охрид бугарски градови“

Редакција

„Тој е казнет“: Спасовски не му дозволи на заменикот Буши да одговара

Редакција