еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Британската Влада забрани тужби за несакани ефекти од вакцината против Ковид-19

Британската Влада му одобрила на фармацевтскиот гигант „Фајзер“ законска заштита од тужби пред да стане првата земја што официјално даде зелено светло за употребата на вакцината против Ковид-19 произведена од оваа компанија, објави „Индепендет.“

Британското Министерство за здравство и социјална грижа потврдило дека на компанијата и било дадено законско осигурување во случај на легални акции кои би резултирале од проблеми настанати при вакцинирањето.

Во изминативе неколку недели бил променета регулативата при што слична заштита од тужби се обезбедува и за останатите компании како „Фајзер“ со што на некој начин им се дава имунитет од тужби на пациенти во случај на компликации.

Освен за производтелите, слична заштита е обезбедена и за медицинскиот персонал кој ќе го врши вакцинирањето.

Инаку, Британија најави дека вакцината ќе биде достапна за сите граѓани на возраст над 16 години, освен за бремените жени, бидејќи нема податоци како таа би можела да влијаа на трудниците и на бебињата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чии се човечките коски пронајдени кај кочанско Оризари?

Редакција

Нови 72 случаи позитивни на корона вирусот, еден починат: Досега вкупно 555 заболени

Редакција

Избори во Грција: Граѓаните сакаат промени

Редакција