Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се 21 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупната бројка на заразени лица се искачи на 352, јави дописничката на МИА од Атина.
Претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција соопшти дека од потврдените случаи во земјата, за 51 случај е непознато потеклото, односно непознато е како овие лица се заразиле со Ковид – 19.
Хоспитализирани се 65 лица, девет се приклучени на апарати во болници во Атина, Солун и Патра, а десет се пуштени дома.
Од потврдените случаи повеќето се во Атина, 51% се мажи, а до сега се анализирани 4.420 примероци.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерка за превенција од корона вирусот: Во супермаркет во Грција ќе се влегува со бројче
Поради корона вирусот германската Амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение