еМагазин
Image default
Локално

Брзите тестови за Ковид-19 во Здравствен дом Скопје од денеска бесплатни за граѓаните

Здравствениот Дом Скопје во координација со Министерството за здравство минатата недела набави 4.000 брзи тестови за да им овозможи на пациентите достапно и брзо теститрање за Ковид-19.

Цената на овие тестови беше 1.000 денари, а термините се закажуваа телефонски преку Мој Термин.

„По најновата информација дека е добиена донација во Министерството за здравство од страна на две компании од 13.000 тестови кои преку алгоритам на матичните лекари ќе бидат бесплатно достапни за сите оние пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање, Здравствениот дом веќе договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани од Министерството заздравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес. Лицата пак кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени,“ се вели во соопштението.

Здравствен Дом Скопје ја поздравува постапката за донирање на брзите тестови која ги опфаќа здравствените институции во целата држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почувствуван земјотрес во Штип и околината

Редакција

Трагедија: Прилепчанец почина по удар од комбе во индустриската зона во Струмица

Редакција

Жител на Липково по вербална расправија со нож усмрти соселанец

Редакција