еМагазин
Image default
Македонија

Бучковски во Софија на средба со Борисов, Каракачанов, Захариева и Радев

Специјалниот пратеник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, денеска ја започнува својата прва официјална посета на Софија.

Од бугарското Министерство за надворешни работи соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева ќе има средба со Бучковски, по која денеска ќе одржат заедничка прес-конференција.

Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, а во четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.

Фото: Фејбук/Бучковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушани четворица сведоци на одбраната во случајот „Плацови на Водно“

Редакција

(Видео) Внук на Гоце Делчев: Јас сум Македонец и моите предци се Македонци

Редакција

Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција