еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија е најголема закана за Македонија, покажува анкетата Еврометар 2023

Анкетата Еврометар 2023 покажува дека македонските граѓани сметаат оти Бугарија е најголема закана за Македонија.

Имено на прашањето „Дали веруваат дека постои држава или меѓународна организација која претставува закана за земјава”, 48 проценти одговориле со „да“, наспроти 46 отсто со „не“.

Најголем процент од испитаниците кои гледаат закана сметаат дека во овој момент тоа е Бугарија – 79 проценти, по што следи Русија со 6,3 проценти, Албанија за 2,7 отсто и Србија за 2,4 проценти.

На прашањето „Која држава или меѓународна организација е најголем пријател на земјава”, најголем дел, 39,6 отсто рекле Србија, по што следат САД за 13,7 проценти, Турција за 10 проценти и ЕУ за 8,4 отсто од испитаниците.

Анкетата Еврометар 2023, е спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници, од страна на агенцијата БРИМА на повеќестепен стратификуван случаен примерок на популација 18+ години, дизајниран според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

53% од граѓаните се за влез во ЕУ, 55,8% сметаат дека односот на Унијата кон Македонија е нефер

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филиповиќ и Поцеста нови медицински директори на клиниките за дерматовенерологија и кардиологија

Редакција

Државата бара отштета од над 163 милиони денари од обвинетите во случајот „Шпански скали“

Редакција

22 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

Редакција