еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија повторно најавува вакцини за Македонија, овојпат од Брисел

Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел, кој е посветен на борбата против Ковид-19 и климатските промени, изјави дека за Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините со Северна Македонија и регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Ќе разгледаме механизмот за споделување на вакцини од држави членки кон трети земји, за Бугарија приоритет е западниот Балкан со Северна Македонија на врвот, изјави Радев.

Бугарскиот претседател вчера се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарал за Северна Македонија, јавија вчера бугарските медиуми.

Тој вчера вечер пред почетокот на самитот на ЕУ порача дека од неговите колеги ќе побара солидарност и разбирање за специфичностите на секоја земја членка.

Денешниот и последен ден од ЕУ самитот ќе биде посветен на борбата против Ковид-19, вакцинацијата и сертификатите кои треба да овозможат слободно движење за граѓаните на ЕУ пред почетокот на туристичката сезона.

Радев предупреди дека овие сертификати не треба да создадат нови бариери, обврски и дискриминација помеѓу граѓаните на ЕУ.

Бугарија досега неколку пати најави вакцини за Македонија, но досега во земјава не пристигна ниту една вакцина од нашиот сосед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија да ги почитува човековите права и рекол Радев на претседателката на Европската комисија

МИА/еМагазин/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АВМУ бара јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите

Редакција

Познат идентитетот на бизнисменот од Скопје кој е убиен во Ханиоти и на неговиот ранет пријател

Редакција

Зијадин Села: Да видиме колку длабоко ДУИ е влезена во местење судии и обвинители

Редакција