Бугарска вакцина против Ковид-19 ќе биде претставена наесен на светски научен конгрес. Тоа го тврди Андреј Чорбанов, раководител на Одделот за имунологија на Институтот за микробиологија на Бугарската академија на науките.
Во изјава за БНТ тој додаде дека секоја држава што има свои разработки за вакцини може да биде многу понезависна. Според него, тие сакаат вакцината да има две форми – инхалациона и имунизациона.
– Вирусот Ковид-19 мутира полека, во многу мала мера. Сепак, сè уште не го знаеме процентот на луѓе кои нема да бидат погодени од вирусот. Сепак, никој не е сигурен, но ова не треба да го менува начинот на живот, изјави бугарскиот имунолог Чорбанов.
МИА/Фото: Photo by Daniel Schludi on Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.