Во интервју за Бугарското национално радио, вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија, Асен Василев, изјави дека во сегашната ситуација Софија нема да разговара со рускиот енергетски гигант Газпром за продолжување на договорот за испорака на гас.
Според Василев, постои алтернатива за рускиот гас и на Бугарија и се потребни три милијарди кубни метри од енергенсот.
-Испораки има од Катар и Алжир, но цената ќе биде малку повисока. Ова ќе биде паневропска стратегија, а не само бугарска. Во следните 1-2 недели ќе се разговара на европско ниво да се направи заеднички договор за гас за цела ЕУ и во него да нема конкуренција меѓу поединечните земји.
Овој механизам се очекува да проработи во текот на летото, изјави бугарскиот министер за финансии и вицепремиер.
Договорот за испорака на руски гас за Бугарија истекува на 31 декември годинава, јави дописникот на МИА.
МИА/Фото: Влада