Бугарското Министерство за надворешни работи реагира на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама на самитот ЕУ-Западен Балкан.
Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската Унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес, стои во реакцијата на бугарското МНР.
„Не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри и навредливи квалификации од шеф на влада. Така низок јазичен регистар повеќе не можат да се оправда со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги прилагоди своите изразни средства на јазик што е соодветен за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ.
На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер“, стои во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама им врати на Бугарите: Кренете го ветото или издржете ме!
(Видео) „Поздрав од Источна Македонија“: Еди Рама во негов стил до Макрон, Мишел и Фон дер Лајен
Рама: Срамно е што една членка на НАТО киднапира две земји сојузнички
Фото: Влада