еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарските историчари прогласија прва победа: Цар Самоил и Охрид се бугарски, на ред одбрана на јазикот, Миладиновци, Делчев…

Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со С Македонија стигна до прва победа, соопшти бугарскиот Национален круг „За Македонија“, платформа во која членуваат бугарски професори – историчари и лингвисти, пренесува Дојче веле.

Оценката уследи откако министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија вчера ги објавија усогласените препораки на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цар Самоул владеел со Бугарско царство во Македонија: Што пишува во препораките на историската Комисија со Бугарија

Овие препораки триумфалистички се поздравени од Националниот круг „За Македонија“, со изјава која ја пренесоа бугарски медиуми.

„Победа за бугарската историска наука! Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во однос на историските спорови со С Македонија стигна до првата победа! Колегите во Скопје официјално го признаа очигледното, што и тие го знаеја всушност многу добро. Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител БорисМихаил го шират нивниот збор низ Бугарското царство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри.

Сето тоа треба да биде запишано во учебниците на децата во РСМ“, се вели во изјавата на „Националниот круг за Македонија“.

Неколку членови на оваа платформа – бугарски историчари и лингвисти, во јуни годинава го посетија Европскиот Парламент за таму да ја претстават и заштитат бугарската позиција во тековните преговори со Македонија. Замислени како група за „брза реакција“, како што наведоа, целта им била и на европратениците да им објаснат дека „почеток на преговори на РСМ со ЕУ е можен само откако таа земја ќе ги исполни условите што ги бара Бугарија, односно да се разјасни вистината за историските прашања што ги оспорувала РСМ, бидејќи историските документи говореле целосно во полза на бугарската кауза”.

Врз основа на таа реализирана активност, денес сметаат дека имаат удел во „првата победа”.

„Сметаме дека за тоа придонесе и посетата на Европскиот парламент во Стразбур на говорниците од Националниот круг „За Македонија“ – професорите Николај Овчаров, Ана Кочева, Пламен Павлов и Спас Ташев, како претставници на Бугарската академија на науките и на Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“.

Ќе потсетиме дека токму во тоа време се слушаа гласови од владата на четирипартитната коалиција – ‘доста е со оваа историја’, ‘да им свртиме грб на историските проблеми’ итн. Но, нашите гласови беа слушнати и вградени во т.н. француски предлог, прифатен во двете земји.

Се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во споровите за јазикот и за личности како браќата Миладиновци и Гоце Делчев“, порачаа од Националниот круг „За Македонија”.

Ставовите што ги презентираа овие професори беа идентични со оние на бугарскиот претседател, Румен Радев, кој по посета на Берлин од 16-ти мај, порача: „Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот и на идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната да си најдат место во ЕУ”. Тие го повторуваа и ставот дека „во РСМ нема бугарско малцинство, туку бугарско мнозинство”, потсетува Дојче веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демократски сојуз за препораките на историската Комисија: Грешки со историски димензии

Академик Ќулавкова: Препораките на Комисијата се само уште еден обид да се проблематизира македонскиот идентитет, неговото потекло, историски развој и легитимитет

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Левица“ влегува во Собранието: Изненадување или очекуван револт кон класното општество

Редакција

Бизнисменот Силјан Мицевски по вторпат на распит за „Рекет“, ќе бара парите да му бидат вратени

Редакција

Нови 592 случаи на Ковид-19 од 2.206 тестирања

Редакција