еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарските медиуми да не преведуваат од македонски јазик, оти тој е регионална форма на бугарскиот, бара партијата на Каракачанов

Од ВМРО-БНД, партијата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, до тамошниот Совет за електронски медиуми со писмо побарале бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик.

Интервјуата на „луѓето од Северна Македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик, се вели во писмото на ВМРО-БНД, прененсува “24 часа“.

„Бугарската наука недвосмислено го дефинира таканаречениот ‘македонски’ јазик како регионална форма на бугарскиот јазик. Тоа е позиција и на Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки (БАН).

Освен тоа, официјалната политичка позиција на Бугарија во текот на целото независно постоење на Северна Македонија, потврдена и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, е непризнавање на таканаречениот ‘македонски’ јазик“, стои во писмото.

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела во Охрид 231 нови случаи на Ковид-19, во Струга 183, 15 во Дебар

Редакција

(Фото) Прогласени победниците на Златно тркало 2025: Кои се најпосакуваните автомобили во Македонија?

Редакција

Вкупно 11.422 лица се заразиле со Ковид-19 по вторпат, 19 од нив починале

Редакција