еМагазин
Image default
Бизнис

Цената на бензините останува иста, на дизелот се намалува за половина денар

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство не менуваат, а на дизелот се намалува за половина денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.

Со оваа одлука малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 61 денари за литар, а малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 63 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот се намалува за половина денар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 22 јануари и со тоа малопродажната цена на дизелот изнесува 52 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Карбо нова“ со загуба од 1,1 милион денари за девет месеци

Редакција

Просечната нето плата во август 25.127 денари

Редакција

Во блок-трансакција продадени 27.092 акции од „Гранит“ за 475.000 евра

Редакција