еМагазин
Image default
Бизнис

Цената на горивата останува непроменета

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.

Новата малопродажна цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,5 денари за литар, „еуросупер БС-95“ и понатаму ќе се продава за 60,5, „еуросупер БС-98“ за 62,5, а еуродизел за 53 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адинг ја зголеми добивката за 46,5%

Редакција

Мицкоски го покани Битиќи на средба во ВМРО-ДПМНЕ за да му презентира планот за закрепнување на економијата и помош на бизнисот

Редакција

Олеснување на плаќањето со земјите од ЕУ ќе се случи најдоцна до 2025, најави Народна банка

Редакција