Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,82 проценти во однос на цените утврдени со одлуката од 27 јануари.
„Малопродажната цена на „еуродизел“ се намалува за два денари за литар и ќе изнесува 58 денари, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,50 денари за литар.
Цената на „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ ќе изнесува 66 денари за литар. Малопродажните цени на „еуросупер БС-98“ се намалуваат за еден денар за литар и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 68,50 денари за литар,“ се вели во соопштението на РКЕ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.