еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Цените драматично растат: Инфлацијата во Грција во мај 11,3%

Годишната инфлација во Грција бележи нов скок и од 10,2 отсто во април, достигна 11,3 проценти во месец мај што е нов, негативен рекорд за земјата во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од мај 2021 година, до мај годинава, најголемо зголемување на цените има кај природниот гас за 172,7 отсто, електричната енергија е за 80,2 проценти повисока, нафтата за греење се зголемила за 65,1 отсто, а зголемување на цените има и кај прехранбените продукти.

Во месец мај, споредбено со месец април годинава, има зголемување на цените на речиси сите производи, со исклучок на струјата (намалување за 4,6 отсто), а најголемо е зголемувањето на цената на природниот гас за 28,6 отсто, на бензинот за 7,3 отсто, на лебот за 3,4 отсто, итн..

Инфлацијата во Грција во март беше 8,9 отсто, во април 10,2 отсто, а во мај 11,3 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За тие што ќе летуваат во Грција: Буквално се е покачено

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Croatia airlines ќе воведе сезонскa авиолинија Скопје-Сплит од 12 мај, најавуваат од ТАВ

Редакција

Забрана на посета и задолжително носење маски во болници и во домовите кои згрижуваат стари лица

Редакција

„Фибула ер травел“ го доби тендерот на Државниот завод за статистика за набавка на авионски билети вреден 50.000 евра

Редакција