еМагазин
Бизнис

Цените на производите на Жито Лукс остануваат исти и нема потреба од залиха

Како општествено одговорна компанија во време кога државата и граѓаните се соочуваат со закана од ширење на вирусот Ковид 19, сакаме да ги информираме граѓаните дека цените на сите производи на компанијата остануваат непроменети, велат од „Жито Лукс“.

„Во јавноста се појавуваат шпекулации за наводно поскапување на производите. Поради тоа, сакаме да потенцираме дека големопродажните цени на Жито Лукс кон трговците и нашата препорака за малопродажните цени остануваат исти. Малопродажните објекти, како и досега, законски имаат слобода сами да ги формираат финалните продажни цени на производите од сите производители.

Во Жито Лукс, сите производствени капацитети работат нормално со секојдневна испорака на производи и затоа нема потреба од создавање залихи во домовите,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче апелираше да не се создаваат гужви во маркетите, за да се спречи ширење на корона вирусот

„КАМ маркет“: „Ограничете го купувањето на неделни количини, бидете солидарни“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за правда купува телевизори за затворeниците во Идризово за 1,1 милиони денари

Редакција

Групата „Фершпед“ со загуба од 16 милиони денари за девет месеци

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во октомври

Редакција