еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените на производителите на индустриски производи зголемени за 22% на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,5 % на месечно и за 21,9 % на годишно ниво.

Во јуни 2022, во споредба со мај 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 1,1 %, Капитални производи за 0,4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,1 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 %.

Во јуни 2022, во споредба со јуни 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 25,3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 28,6 %, Капитални производи за 75,3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,6 %.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе може да присуствува на седници: Укинат домашниот притвор на пратеникот Василевски

Редакција

Снимката на која градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски им се заканува на вработени е од јануари

Редакција

Бугарската агресивна позиција кон Македонија создава нација што ја мрази Бугарија, вели поранешниот бугарски претседател Стојанов

Редакција