еМагазин
Image default
Македонија

Чавков нема вила, неговта одбрана до судот приложи извод од катастарот на Халкидики

Петмина од осудените за настаните во македонското Собрание од 27.април 2017 година, од Апелациониот суд побараа да бидат пуштени од притвор до правосилност на пресудите.

Станува збор за поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, осуден на 18 години затвор, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров и Никола Митревски – Кољо, осудени на по 15 години затвор и Абдулфета Алими осуден на седум години затвор.

Адвокатот на Чавков, за укинување на притворот, му достави на судот извод од катастарот на Халкидики, со кој како што вели, се потврдува дека Чавков таму не поседува вила, што беше една од основите причини за определување на притворот.

За Чавков е понудена и активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.

Гаранцијата на Ѓошевски е 434 илјади евра, а на Лазаров, 770 илјади евра, во личен недвижен и имот на роднини.

За Алими, пак гарантира лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чавков на Фејсбук: Казната е драконска, вилата на Халкидики ако ја најдете ја поклонувам

Ќерката на Чавков: Ќе си лежи оној што ја измисли вилата на Халкидики

Фото: Фејсбук/Чавков/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 109 оздравени од Ковид-19

Редакција

На Табановце за влез во земјава се чека до 40 минути

Редакција

Одлука на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе дебатираат за амандманите, ама нема да учествуваат во помирувањето

Редакција