Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 24 до 30 јануари покажуваат дека се пријавени 148 смртни случаи од Ковид-19 во 26 градови, што е за 38,3% повеќе во однос на претходната недела.
„Најголем дел од нив се од Скопје (48).
Во однос на возраста, најголем број (n=132; 89,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (12), 40-49 години (2) и 20-29 години (2)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст од 2,7%: Минатата недела регистрирани 11.916 нови случаи на Ковид-19
Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години и над 60
Минатата недела 1.558 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19
Фото: МЗ