еМагазин
Image default
Македонија

Четири нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци

Четири нови случаи позитивни на Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

– Станува збор за четворица кавадарчани на возраст од 36 до 60 години. Три од новозаболените се лица од женски, а едно од машки пол. Сите имале симптоми, а само две лица изјавија дека биле во контакт со претходно позитивно лице на коронавирус. Четворицата се со лесна клиничка слика, на домашно лекување, појасни Јовановски.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се преиспита содржината на учебникот по Историја за седмо одделение

Редакција

Шест скопски општини со по над илјада активни случаи на Ковид-19, на врвот Гази Баба

Редакција

Велес и Прилеп нови места со лица заболени од коронавирусот: Како изгледа мапата по градови

Редакција