еМагазин
Image default
Македонија

Миле Јанакиески штрајкува со глад во затворот „Шутка“

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески од саботата започнал штрајк со глад во Истражниот затвор „Скопје“ поради мерката притвор за најновото обвинение на Основното јавно обвинителство за продажба на државно земјиште.

Револтот на Јанакиески, според изјавата на адвокатот Еленко Миланов за „А1он“, е поради несоодветното постапување на судот, бидејќи имал два притвора со идентични причини. Миланов смета дека куќниот притвор до сега се покажал дека е ефективен, односно дека Јанакиески не може да избега, ниту да влијае на сведоци.

Јанакиески, покрај обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се товари за продажбата на државното земјиште, како и во една истражна постапка во која е осомничен дека е организатор за настаните од 27-ми април во македонското Собранието.

МИА/Фото: Фејсбук/Јанакиески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монти Пајтон со предметите на СЈО за Миле Јанакиески

„Слушај сега да ти кажам еден виц за џандари…;„: Твитер реакции за Јанакиески, кој полицијата го бараше дома, а тој е во Шутка

Миле Јанакиески во притвор во Шутка, а полицијата го барала дома: Ново одложување за „Насилството во Општина Центар“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 3,7%: За една недела 2.804 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Силјановска Давкова на трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Односот на Бугарија кон Македонија е надвор од начелата на ЕУ

Редакција

Австрискиот амбасадор реагира за измама на австриска фирма од страна на македонска, поврзана со братучетка на Заев

Редакција