Во Кичево денеска четри нови лица се заразени со коронавирусот, а двајца ја победиле болеста, според податоците од Министерството за здравство, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 72, од кои 61 се активни, 10 се излекувани и едно лице е починато.
-Новозаболените се во добра општа здраствена состојба и се лекуваат во домашни услови, се разбира во изолација и под контрола на нивните матичните лекари. За среќа денеска имаме и две извлекувани лица во Кичево, изјави Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.
Тој апелира до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните, во затворено задолжително да носат маски и да не се групираат.
МИА/Фото: Општина Кичево
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет скопски општини со над 100 активни случаи на Ковид-19, во Чаир 300
Од Ковид-19 починаа уште 6 пациенти, најмладиот имаше 42 години
Вкупно 8.111: Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје најмногу