еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Чие сценарио се спроведува со нападот на бугарскиот клуб во Охрид?

Нема ама баш никаква дилема дека бугарските клубови во Македонија, кои демек ќе шират доброседство и култура и зад кои стојат приватни лица, беа отворени за да направат проблеми и да шират омраза помеѓу Македонците и Бугарите.

Донирање на храна и пропаганда со деца сигурно не се културни настани, а доброседство сигурно не се гради со констатни провокации и ширење на историски невистини по социјалните мрежи од страна на овие клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТ

(Фото) Финансиерот на бугарските клубови дели пакети со храна со слика на Цар Борис Трети

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Ретко кој во Македонија има проблем со отварање на здруженија или клубови на лица кои се чуствуваат како Бугари, но сите имаме проблем со имињата кои ги носат двата отворени во Битола и Охрид.

Не само што станува збор за лица кои со тапија биле соработници на нацистите и фашистите, туку тие отворено работеле против Македонците и македонскиот идентитет. Тоа приватните лица кои ги отворија клубовите многу убаво го знаат, а го знаат и бугарските политичари кои присуствуваа на нивното отварање.

Па не е никакво изненадување што на едниот, за кој Комисијата за заштита и спречување од дискриминација утврди дека ги дискриминира Македонците на етничка и национална основа му беше запален дел од надворешната врата, а на вториот трипати му го кршат излогот и таблата.

Секако тоа не е вистинскиот начин на решавање на проблемот, па затоа Македонија (со задоцнување) донесе закон кој дефинира какви имиња може да носат здруженијата и т.н. клубови, нормално не имиња кои го величат фашизмот и нацизмот.

Но, последниот напад на клубот во Охрид, со оружје, од кој секако најмногу поени ќе „заработи“ Бугарија и еве „црно на бело“ ќе има доказ дека во Македонија не се почитуваат правата на лицата кои се чуствуваат како Бугари, македонските власти треба повеќе од сериозно да го преиспитаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со оружје оштетено стаклото на бугарскиот клуб во Охрид, МНР со осуда

Зад нападот со оружје во никој случај не стојат граѓани на кои не им се бендисува името на клубот, бидејќи од авион се гледа дека се спроведува нечие сценарио, зад кое надлежните органи треба да откријат, многу брзо, кој стои и кој го спроведува.

Да, во Македонија постојат лица на кои не им одговараат добри односи со Бугарија и земјата да не напредува во евроинтеграциите, и да, и кај источниот сосед постојат исто такви, а секако “сценаристите“ може и да се надвор од регионот.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет години „еМагазин“: Модел за пазарно ориентиран медиум, кој пласира проверени и точни информации

Редакција

Ристовски и Пешов неправедно биле држани во притвор за настаните од 27. април, пресуди Европскиот суд за човекови права

Редакција

(Фото) Атиџе е името на новата рисица откриена во НП Маврово

Редакција