Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вечерва на својот „Твитер“ профил му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев, за гласањето со двотретинско мнозинство во Собранието за стартот на процедурата за уставни измени, предвидени со договорот за името со Грција.
„Честитки пријателе Зоран Заев! Вечерашното гласање е важен чекор кон нашиот заднички успех. Важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите граѓани“, напиша Ципрас.
Congratulations my friend @Zoran_Zaev ! Tonight’s vote is a big step towards our common success. A very important step to a peaceful and prosperous future for our people!
— Prime Minister GR (@PrimeministerGR) October 19, 2018
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев ќе ја гарантира безбедноста на пратениците од опозицијата кои гласаа „за“
Кои пратеници од опозицијата гласаа „За“ промена на Уставот?
Собранието со 80 гласа „За“ донесе одлука за промена на Уставот
Фото:Влада