Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана вечерва на предлог на партискиот претседател Христијан Мицкоски, за нов генерален секретар на партијата го избра Ѓорѓија Сајкоски.
„Членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избраа и му дадоа поддршка на Сајкоски, бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата кои ќе придонесат да се насочи Република Македонија на вистинскиот пат,“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој доаѓа на местото на Игор Јанушев, кој се повлече од партијата од лични причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев се повлекол од партијата поради лични причини
Фото: Фејсбук/Сајкоски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.