Во Црна Гора веќе нема пациенти заразени со коронавирусот по 68 дена од првиот регистриран случај, објави тамошниот Институт за јавно здравје.
Црногорските медиуми пренесуваат дека во последните 24 часа биле тестирани 140 лица и сите биле негативни.
По појавата на епидемијата во Црна Гора се разболеле вкупно 324 лица, од кои 315 закрепнале, а 9 починале.
Во земјата нема потврдени нови случаи на инфекција веќе 20 дена по ред.
Тамошните власти претходно соопштија дека крајот на епидемијата ќе биде прогласен кога вкупно 28 дена по ред нема да биде забележан нов случај на зараза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенија е прва европска држава која прогласи крај на епидемијата со корона вирусот
Повеќе жени, 12 со претходни заболувања, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот
Во Скопје, Тетово, Прилеп, Велес и Куманово најмногу активни случаи на заразени со корона вирусот