еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Црна Гора усвои Закон за истополово партнерство, нема можност за посвојување деца

Пратениците од црногорското Собрание вчера го усвоија Законот за животно партнерство на лица од ист пол со кој се предвидува припадниците на ЛГБТ заедницата да имаат исти права како и хетеросексуалните парови, но без можност за усвојување деца, објави агенцијата МИНА.

За усвојување на законот гласаа 42 од вкупно 81 пратеник во Собранието.

Со законот се нормира издржувањето меѓу партнерите, старателството, а детално се регулирани и меѓусебните имотни односи.

Партнерите имаат право на наследство, а се регулира и нивниот даночен статус.

Надлежните во Црна Гора и ЛГБТ заедницата го поздравија законското решение и истакнаа дека е чекор напред во однос на заштитата на човековите права.

Официјалните претставници најавија дека ќе се донесат и подзаконски акти потребни за спроведување на законот, како и дека ќе има обуки во матичната служба за спроведување на новата регулатива.

Фото: Angus Young

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките, штедилниците, менувачниците и правните субјекти кои што даваат услуга брз трансфер на пари, продолжуваат да работат

Редакција

Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година

Редакција

И Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста

Редакција