Доц. д-р Иван Барбов, директор за Клиника за неврологија за Нова Македонија вели дека губењето на чувството за мирис и за вкус се главно невролошки симптоми, бидејќи вирусот прави директна инвазија на првиот, седмиот и осмиот мозочен нерв за мирис и вкус.
– Пред две години, на почетокот на пандемијата токму намаленото или изменето чувство за мирис и за вкус, како симптом беа карактеристични дека еден човек е позитивен на Ковид-19. Многумина токму поради појавата на овој симптом и дознаваа дека се позитивни на Ковид-19.
Но, морам да потенцирам дека овој симптом беше карактеристичен за алфа и делта варијантите на ковид. Сега, последните месец дена, кога е доминантен омикрон сојот, овој симптом најчесто не е присутен, објаснува д-р Барбов.
Потенцира дека вакавата состојба кај некои луѓе била трауматична зашто траела со месеци.
– Специфична терапија за оваа состојба нема. Се остава самиот организам да се избори со спонтано опоравување без некоја посебна терапија, заклучува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британска студија: Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид
Фото: Унсплеш