еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Фото) Да купиме акции од ученичка компанија од Берово, за да ги брендираат локалните малешевски производи

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, ја купи првата акција од ученичката компанија на средношколците од ОСУ „Ацо Русковски„ од Берово, со вредност од 1.000 денари, информираат од Општината.

Имено, група средношколци од прва до четврта година, формираат ученичка компанија, која во иднина би можела да ги одведе на меѓународен натпревар во Франција.

Својата бизнис идеја, тие ја презентира пред градоначалникот на Општина Берово, кој им застана на располагање, за секаков вид подршка, а воедно ја купи и првата акција од ученичката компанија, посакувајќи им на учениците, да ги остварат своите цели и да ја промовираат општината во меѓународни рамки.

Под менторство на професорката Цветанка Пеовска, во својата компанија, учениците ќе брендираат локални малешевски производи, чаеви и козметички креми, направени од билки, а сето тоа ќе го финансираат од емисија на акции, од кои може секој, да си купи и да биде дел од целокупниот проект.

Натпреварот во најдобар бизнис концепт, го организира „Џуниор Ачивмент Македонија„, а истиот е поддржан од УСАИД.

Со купување на акции, кои имаат вредност од 100, 200, 500 и 1.000 денари да ги подржиме овие млади луѓе, да ја реализираат својата идеја и да бидат први на натпреварот, кој ќе се одржи на 10. мај во Скопје.

За подетално инфо како да купите, пишете меил на [email protected].

Фото: Општина Берово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Шокантни снимки од САД: Полицијата со возило туркаше луѓе на расните протести

Редакција

Беќаровски бил од времето на друже Тито, разрешениот директор Петровски ја вработил снаа му, вели директорката на Токсикологија, Иљази

Редакција

Каков имот пријавил Адмирим Алити, кој не е повеќе министер за информатичко општество и администрација

Редакција