еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

По последната афера со прислушувањето, во која за сега знаме дека биле прислушувани сите фиксни телефони во зградата на Јавното обвинителство и Основен суд Скопје 1, повторно на маса се враќаат прашањата, кои беа актуелни пред неколку години по објавувањето на т.н. „бомби“ од страна на тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев, сега премиер: кој се во држава прислушува и кој се поседува снимки, аудо или видео од легално или нелегално прислушување.

Знаме и дека дел од „бомбите„ на Заев се продаваа под рака на Бит пазар во Скопје, а некои стигнаа и на „пазарот„ во Косово, Албанија… и каде ли уште не.

За што се можат да злоупотребаат старите, но и „новите материјали“ можеме само да претпоставуваме.

Класика, за актуелната власт за се е крива претходната, па ако е така, на крај и поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и стана азилант, да не ни фрли некоја „бомба“ од таму?

Од „бомбите„ на Заев слушнавме сите до што се имал пристап и каква моќ имал екс премиерот, а деновиве видовме и кој се може да му даде подршка.

А подршка ретко кој дава за џабе.

Тие што добро го познаваат Груевски, немаат дилема. Тој нема да се откаже од политика. Така да…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Афера прислушување на Обвинителството и Основен суд Скопје 1: Кој не бил прислушуван?

Аферата со прислушувањето на обвинителите отвара дилеми: Кој стои зад „Големото уво“?

Твитер „полуде“ за прислушувањето на обвинителите: „Се кладам дека биле СЈО“

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Споредба на надоместоците кои ги наплаќаат сите банки во Македонија

Редакција

Ќе го отвори ли “Лидл“ првиот маркет во Битола?

Редакција

(Фото) Во Украина убиени 30 македонски државјани, кои се бореле на украинска страна

Редакција