еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да си ги решат меѓупартиските препукувања, вели Спасовски за инцидентот во Арачиново

Имаме пријава пред некој ден за нарушување на безбедноста во Општина Арачиново и веќе се преземени мерки во согласност со насоките кои ги даде Јавното обвинителство и ќе бидат поднесени пријави против овие лица, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање околу најавите на Општината дека општинската администрација на Арачиново нема да работи од денеска поради безбедносни причини.

Според Спасовски, најдобар одговор за состојбите таму треба да даде градоначалникот.

– Но, мислам дека сите тие работи кои се случуваат во Арачиново се работи кои мора да ги расчистуваат меѓусебно, затоа што меѓусебните конфликти коишто ги имаат лица од иста политичка провиниенција, лица со исти интереси, итн..

Не сме тоа негативно да се одразува на граѓаните, на работата на Општината, во смисла на функционирање и на потребите и остварување на потребите на граѓаните на Арачиново.

Ние од наш аспект преземаме низа мерки кои значат да им помогнеме во овој дел, но тие во наводници „должничко-доверителски односи“, кои ги имаат внатре од секаков аспект со тоа што располагаме како полиција ќе мора да ги расчистат и да покажат дека приоритет се граѓаните на Арачиново.

Мене ми е жал што Општината повторно се враќа во некое време во кое немаше никаква функционалност и не се решаваат ниту еден од проблемите кои се на граѓаните, изјави Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Арачиново не работи оти градоначалникот добил закани по живот

МИА/фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајден го обвини Путин за „геноцид“ во Украина

Редакција

Онишченко кој доби македонско државјанство пријавен на адреса во Пржино, никој никогаш не го видел

Редакција

Можеме да собереме 15.000 евра за тригодишниот Илин, кој го чека трета операција

Редакција