Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски синоќа избегна да даде директен одговор на прашањата дали има сознанија кои се Кики и Фрики, за кои се тврди дека се високи функционери од СДСМ вмешани во „Рекетот“ на Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Тој нагласи дека ЦО донел декларација, која застанала во одбрана на функционирањето на правната држава и правниот систем.
На прашањето дали Кики и Фрики биле присутни на седницата, Николовски одговори дека присустувале голем број членови на ЦО – пратеници, градоначалници и додаде дека сите биле едногласни во бескомпромисната борба против корупцијата и организираниот криминал.
Запрашан дали високи функционери на СДСМ се вмешани во „Рекет“, Николовски нагласи дека партиската припадност никого не амнестира од криминал.
-За разлика од многу други, кои ги блокираат институциите и се борат против правдата и не сакаат да дојдат на преговарачката маса само заради криминалот, ние целосно се бориме против нив, рече Николовски, додавајќи дека кој било граѓанин може да е вмешан во нешто, а институциите треба да дејствуваат за секого, без разлика дали е член на политичка партија.
МИА/Фото: СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Кој дојде на седницата на Централниот одбор на СДСМ?
Цела листа: Кои се првите луѓе на партиските комисии кои се избраа на ЦО на СДСМ