Шкодране Дардишта од ДУИ на својот Фејсбук-профил објави провокативен статус за најновите политички случувања во земјата, кој предизвика лавина од реакции во јавноста.
„Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него,” напиша Дардишта.
Дардишта е член на Одбор на директори на Македонски Телеком.
Во медиумите се појавија и информација дека таа била директор на Клинички центар, па од Министерството за здравство информираа дека Дардишта не извршува никаква функција во Министерство или во која било клиника во УК Центар „Мајка Тереза„.
До 2020 година Шкодране Дардишта беше на раководна позиција во заеднички служби на Клинички.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ќе одлучи денеска ДУИ на Генералниот совет на партијата
Фото: ДУИ