еМагазин
Бизнис

Дебарски бањи Цапа лани работела со добивка

Дебарски бањи Цапа во 2021 година од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат од 2,017 милиони денари, додека во истиот период од претходната 2020 година е остварен негативен финансиски резултат од 39,317 милиони денари, информираат од таму преку Македонската берза.

“Вкупните приходи во период 01.01- 31.12.2021 година изнесуваат 140,518 милиони денари и се остварени во висина од 113% во соодност со истиот период од претходната 2020 година.

Вкупните трошоци од редовното работење до 31.12.2021 година изнесуваат 138,277 милиони денари и се зголемени за 17 % во однос на 31.12.2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебарски бањи Цапа во минус

Дебарски бањи Цапа со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Арцелор Миттал“ во загуба од 218 милиони денари

Редакција

Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде минимално, вели директорот на ЕСМ, Ковачевски

Редакција

Макошпед со добивка во првите девет месеци

Редакција