Дебарски бањи-Цапа АД Дебар во првите шест месеци од 2021 година од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари негативен финансиски резултат од 3,757 милиони денари, додека во истиот периот 2020 година е остварен негативен финансиски резултат од 28,922 милиони денари, информираат од таму преку Македонската берза.
“Вкупните приходи во периот 01.01.- 30.06.2021 година изнесуваат 47,395 милиони денари и се зголемени за 107% во сооднос со истиот период од претходната 2020 година.
Вкупните трошоци од редовното работење до 30.06.2021 година изнесуваат 50,333 милион денари и се помали за 2% во однос на 30.06.2020 година“, велат од Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкави плати лани имал менаџментот на Дебарски бањи-Цапа
„Дебарски бањи-Цапа“ со загуба од 28,9 милиони денари за шест месеци