еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Децата чија мајка е во притвор по пожарот во кој почина едно нејзино дете, се згрижени и имаат 24-часовна психо-социјална поддршка, вели Шахпаска

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска денеска изјави дека останатите деца на мајката чие седумгодишно дете изгоре во пожар што го зафати станот во кој живееле во Гостивар се згрижени и имаат 24-часовна психо-социјална поддршка.

– Центарот за социјална работа постапи согласно Законот за социјална заштита во ваква ситуација и согласно неговите надлежности.

Децата се згрижени, имаат 24 часовна психо-социјална поддршка, но, за тоа кои ќе бидат следните чекори зависи од нас, има институции кои се надлежни да донесат соодветни одлуки, рече Шахпска одговарајќи на новинарско прашање.

На мајката, чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар, мерка притвор во траење од триесет дена и определи судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар. Таа беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија.

Од судот потврдија дека решението за притвор е изготвено и жената е испратена во КПУ Скопје.

Претходно, Основното јавно обвинителство Гостивар издаде наредба за спроведување истражна постапка против С. Т. (36) од Ресен и живеалиште во Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски (член 203 став 2 од Кривичниот законик).

Осомничената жена, наведуваат од ОЈО, го малтретирала своето дете на возраст од седум години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот.

На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар и затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот.

За кривичното дело за кое е осомничена жената е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Во меѓувреме, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор од 30 дена за мајката чие дете настрада во пожарот во Гостивар

Приведена мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар

Седумгодишното дете кое загина во пожар во зграда во Гостивар било врзано со ланец на нозете, открива Обвинителство

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кои се мажите на годината

Редакција

Проф.Трајковски: „Расте прележаноста од Ковид-19 и помал е ризикот од големо избувнување на пандемијата во текот на есента“

Редакција

Денеска променливо облачно и релативно топло време, со врнежи од дожд

Редакција