еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Делата застаруваат, само криминалот во државата секогаш ни е свеж

Застареноста на делата кои се предвидени во Кривичниот законик им овозможува на огрешените да се спасат од одговорност за дела во кои има индиции за тежок криминал, за кои има докази, за кои имало постапки.

Познавајќи ја оваа „опција“ во Кривичниот законик, веројатно кривичниот судски систем игра на картата за големите моќници да ги одолговлекува предметите до бескрај, за да дојде денот кога случајот законски ќе застари. „Свират на хармоника“ на која предметите ги растегнуваат со точно пресметана временска рамка во која делото веќе има статус „застарено“.

Но како може фактите да застарат? Како може криминалот да застари? Ако криминалот е сторен и за него постојат докази, како може тоа да застари. Или времето лечи се, па и криминалот. Сменете нешто во законот. Зарем никој не предвидел дека ова ќе се случува, па да се превенира?

Без разлика дали Никола Груевски е избеган, или Владо Бучковски е дома. Која е разликата за обичниот граѓанин, ако тие сториле кривично дело, и правдата не е задоволена. Па едниот се правда дома бил, не бегал. Нема разлика.

Одамна на граѓаните им е јасно дека полесно може да „паднат“ во затвор за ќебапи, или при одбрана на својот имот, отколку да украдат тешки милиони. Па оттука, државата те тера да размислуваш да не крадеш на ситно. Нешто покрупно, за правдата и да те фати, има начин како да те пушти.

Со изрежирано слепило на органите на правдата, на она што сите во оваа држава го гледаме со голо око, веројатно ќе и се потпомогне на власта да си оди со истата парола со која и дојде: „Нема правда, нема мир“.

Повеќе околу тоа што значи застареност на кривично дело, прочитајте ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Застаре и делото на Бучковски за „Тенковски делови“

Груевски нема да одговара за „Траекторија“ поради застареност на делото, трошоците ќе ги платат граѓаните

Истрага „Поштенска банка“: Георгиевски и Груевски поради застареност на делото нема да бидат гонети од СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска работа: Струмичкиот карневал годинава со „специјални маски“

Редакција

(ВИДЕО) Кампања на брендот Parfois со жени кои со својата приказна се вистинска инспирација за останатите

Редакција

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Редакција