еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократски сојуз бара Бугарија да ги спроведува заклучоците на Советот на Европа за македонското малцинство

Демократскиот сојуз ја поздравува последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) со која од Бугарија се бара да ја отфрли праксата за нерегистрирање здруженија на Македонците, информираат од партијата.

“Притоа, Комитетот на министри, кој е највиското извршно тело на СЕ, ја потсетува Бугарија дека повеќе од 16 години не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кои се во корист на македонските здруженија, чија регистрација упорно се одбива од бугарска страна.

Демократскиот сојуз со месеци наназад инсистира на реципроцитет во однос на бугарските барања за вметнување на нивното малцинство во македонскиот Устав, односно Бугарија да дозволи отворање македонски клубови и да не го негира постоењето на македонско малцинство во нејзините граници.

Ваквите заложби на ДС сега добиваат на тежина со последната одлука на Комитетот на министри на СЕ со која на Бугарија ѝ се дава рок до септември 2023 година, да ги спроведе пресудите на Судот во Стразбур и да дозволи регистрација на здруженијата на Македонците.

Владата на Република Македонија, мора ова прашање да го постави и пред Советот на Европската Унија, при што Советот на ЕУ да донесе соодвени заклучоци, со кои ќе ја задолжи Бугарија, да дозволи Македонците да можат да формираат зфруженија културни организации и политички партии.

Истовремено, ДС бара од македонската Влада, а посебно од Министерството за надворешни работи, да заземе поофанзивна политика кон Бугарија, бидејќи почитувањата на правата на Македонците, по последната одлука на Комитетот на министри на СЕ, не е веќе само билатерално прашање меѓу две држави, туку против бугарското непочитување на основните човекови права застана најстарата европска организација,” велат од таму.

Од партијата додаваат дека признавањето на македонското малцинство во Бугарија во голема мера ќе ги подобри односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и меѓудржавните односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија да дозволи регистрација на здруженија на македонското малцинство, повторно побара Комитетот на министри на Советот на Европа

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепска пиварница ќе дели дивиденда од 1.111 денари бруто по акција

Редакција

Ученици денеска си споделуваа во вибер-групи тестови од државната матура откако почна испитот

Редакција

МВР склучи договор со “Изградба-комерц“ вреден 2,9 милиони евра

Редакција